Vrabotuvanje.com - Твитер казнет со 150 милиони долари – продавале приватни податоци на корисниците
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Твитер казнет со 150 милиони долари – продавале приватни податоци на корисниците

Федералната трговска комисија на САД го казни Твитер со 150 милиони долари затоа што на огласувачите им дал кориснички информации, вклучително и телефонски броеви, кои ги собира за безбедносни цели.

Твитер казнет со 150 милиони долари – продавале приватни податоци на корисниците

Од мај 2013 година до септември 2019 година, Твитер собираше телефонски броеви и е-маил адреси за безбедносни цели, но ги сподели тие информации и со компаниите кои испраќаа реклами до корисниците.

Американското Министерство за правда и Трговската комисија наведуваат дека социјалната мрежа лажно тврдела дека ги почитува договорите за безбедност на податоците што САД ги имаат со ЕУ и Швајцарија.

Според овие договори, споделувањето и користењето на личните податоци на корисниците е забрането освен во случаи кога тие лично го одобруваат тоа.

Затоа Твитер ќе мора да плати 150 милиони долари и да постави нови безбедносни мерки.

Регулаторите посочуваат дека Твитер ги измамил корисниците со кршење на правилата за заштита на нивната приватност. Казната доаѓа додека компанијата чека да го финализира договорот за продажба од 44 милијарди долари на извршниот директор на Тесла, Илон Маск.

Извор: usb.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje