Vrabotuvanje.com - Еве до кога е продолжен рокот за аплицирање за субвенции
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Еве до кога е продолжен рокот за аплицирање за субвенции

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека доставено е барање за измена на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството, со што ќе се продолжи рокот за аплицирање за субвенции до 30 јуни.

Еве до кога е продолжен рокот за аплицирање за субвенции

Интересот кај земјоделците за аплицирање за субвенции е голем, особено кај сточарите кои побараа продолжување на рокот. Министерството секогаш излегува во пресрет на барањата на земјоделците. Измената на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството е токму во нивни интерес, со цел да можат да ги поднесат своите апликации во рамките на новиот рок кој предлагаме да биде продолжен до 30. јуни.

На овој начин ќе им се помогне на сите земјоделци кои не успеале да аплицираат согласно законскиот рок кој истекува на 31. мај да добијат дополнително време од плус еден месец, период во кој ќе можат да ги подготват апликациите и навремено да аплицираат со цел да ја добијат финансиската поддршка која им ја дава државата.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje