Vrabotuvanje.com - Ќе се поедноставува постапката за поставување соларни панели
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ќе се поедноставува постапката за поставување соларни панели

Се работи на законско решение и подзаконски акти кои наскоро ќе овозможат олеснета постапка и процедури за поставување фотоволтаици, идентични со оние во западноевропските држави.

Ќе се поедноставува постапката за поставување соларни панели

Веќе е во изработка законско решение коешто прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа.

Во „Осломеј“ е пуштена првата фотоволтаична централа од десет мегавати и таму веќе се во подготовка практично проектите за почеток на реализација на уште две по 50 мегавати фотоволтаични централи и уште една од 10 мегавати.

Министерството за финансии веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издаде фактура за домаќинството коешто не е даночен обврзник.

Со тие решенија како и со зголемување на постојниот капацитет од 4 киловати на 6 киловати, колку што е предлогот, како и дуплирање на капацитетот за компаниите коишто сакаат да стават на своите покриви, ќе се олесни постапката, односно ќе има постапка која што ќе биде идентична со онаа на западноевропските држави каде што најголемиот број од нас имале можност да видат дека во најголемиот дел од покривите се инсталирани фотоволтаични централи иако ние како држава имаме многу подобра сончева инсулација за разлика од западноевропските држави.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje