Vrabotuvanje.com - Без ова животот на еден просечен Југословен бил незамислив: Секое семејство ги имало овие 10 работи
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Без ова животот на еден просечен Југословен бил незамислив: Секое семејство ги имало овие 10 работи

Како што технологијата напредува и времето поминува, така се менуваат и работите кои ги користиме во секојдневниот живот.

Без ова животот на еден просечен Југословен бил незамислив: Секое семејство ги имало овие 10 работи

Без овие предмети домот на еден просечен Југословен бил незамислив.

1. Сет кој бил забранет за користење

Секоја куќа имала барем по еден сет шолји, чаши или чинии кои се чувале за Бог знае што. Вообичаено тие останувале недопрени затоа што ги чувале за некоја специјална прилика која никогаш не била доволно специјална.

2. Бокал

Некогаш било целосно незамисливо да го послужите гостинот од шише или пак да носите чаши во кујната за да наполните вода. На масата секогаш имало бокал со цветни шари.

3. Теписи со карактеристичен дезен

Дневната соба, како и сите останати не можеле да се замислат без тепих, главно со цветен дезен или пак некаква шара која буди носталгија.

Large Yugoslavian Vintage Gocmen Kilim Rug 258x312cm

4. Кристална вазна

Вазните, украсните корпи и кутии кои ги имале изгледале како да се направени од кристали, а истите биле најпосакуваниот подарок.

5. Гоблен

Баш секој дом имал барем по еден гоблен. Во тоа време тој бил одраз на добриот стил и врв во уредувањето на ентериерот.

Милје не телевизор и телефон беше задолжително, исто и гоблен на ѕидот -  секое домаќинство ги имаше овие предмети | skopjeinfo.mk

6. Прибор за јадење

Никаков друг прибор за јадење не доаѓал предвид, освен овој што го гледате на фотографијата. Го имале сите семејства.

7. Музика

Добрата музика се слушала на плочи и грамофони. Денес е незамисливо, но во Југославија за да имате плоча требало да се измачите, а особено доколку станувало збор за стари изведувачи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Retroteka (@retroteka_)

8. Лимени садови

Ништо послатко не било од овие садови кои ги користеле луѓето во тоа време, зар не?

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Retroteka (@retroteka_)

9. Лимени папилоти

Секоја дама која водела сметка за својот изглед имала локни, а најмногу од нив ги правеле токму со вакви витлери.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Retroteka (@retroteka_)

10. Популарната правосмукалка „Слобода-Чачак“

Малку од семејствата во Југославија ја немале оваа правосмукалка.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje