Vrabotuvanje.com - Трик кој ќе го смени начинот на кој гледате Јутјуб видеа – за што станува збор?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Трик кој ќе го смени начинот на кој гледате Јутјуб видеа – за што станува збор?

Една од најбараните опции меѓу Јутјуб корисниците, конечно пристигнува на платформата.

Трик кој ќе го смени начинот на кој гледате Јутјуб видеа – за што станува збор?

Во иднина, полесно ќе може да ги прегледувате видеата, со помош на „most replayed“ опциите.

Посебен графикон

Треба да нагласиме дека функцијата од претходно била достапна ексклузивно на „YouTube Premium“ претплатниците, а сега тука ќе биде и за вас.

„Most replayed“ овозможува на едноставен начин да пронајдете делови од видеата кои корисниците најчесто ги гледале.

Посебен графикон ќе биде прикажан над црвената линија на траењето на видеото и ќе ви укаже на популарноста на сите негови сегменти.

Ваквото визуелно решение треба да го олесни наоѓањето на специфични информации во видеото по кои трагате.

Уште новитети

Компанијата истакнува дека новата опција особено ќе биде корисна за гледање на подолги видеа, пренесува „The Sun“.

„Most replayed“ е веќе достапен на одредени корисници во светот, а набрзо ќе пристигне глобално на Android, IOS и десктоп апликациите.

Јутјуб претстави уште два новитети – Single Loop, кој овозможува повторување на едно видео до недоглед и деловите Like, Dislike, Share во full screen режим на гледање.

Извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje