Vrabotuvanje.com - Ова се 10-те најпродавани автомобили во Европа: „Golf“ не е меѓу нив
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ова се 10-те најпродавани автомобили во Европа: „Golf“ не е меѓу нив

Анализирани биле податоци од 27 пазари во Европа, а резултатите прочитајте ги во продолжение.

Ова се 10-те најпродавани автомобили во Европа: „Golf“ не е меѓу нив

Бројот на новорегистрирани автомобили во Европа во текот на април, намален е за 20 отсто во однос на истиот период лани, покажува истражувањето на „Joto Dynamics“.

Податоците од 27 пазари ширум Европа, откриваат дека минатиот месец регистрирани биле 821.000 возила, како и дека произведувањето на електричните модели „трпи“ поради кризата со чиповите.

Кој е победник?


 

Покрај недостатокот на делови, проблемите на пазарот се препишуваат на инфлаторната криза и воената состојба во Украина.

Интересно е што хибридите бележат намален број на регистрации во април (1,4 отсто), втора година по ред, пренесува „Autocar“.

Титулата за најпродаван модел на Стариот континент ја однесе „Peugeot 208“. На втората позиција се најде „Vоlkswagen T-Roc“, а на третата „Dacia Sandero“.

Погледнете ја топ 10 листата:

1. Peugeot 208 (15.615)

2. Volkswagen T-Roc (13.998)

3. Dacia Sandero (12.913)

4. Fiat 500 (12.835)

5. Ford Puma (12.601)

6. Toyota Yaris (12.448)

7. Opel/Vauxhall Corsa (11.843)

8. Toyota Corolla (11.678)

9. Kia Sportage (11.653)

10. Fiat Panda (11.554)

Извор: supermen.tocka.com.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje