Vrabotuvanje.com - Мерцедес повлекува милион возила од целиот свет!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Мерцедес повлекува милион возила од целиот свет!

Mercedes-Benz (MBGn.DE) повлекува речиси милион постари автомобили од целиот свет поради можни проблеми со засилувачот на сопирачките, соопшти компанијата.

Мерцедес повлекува милион возила од целиот свет!

Моделите од сериите ML, GL (BR 164) и R-Class (BR 251) произведени помеѓу 2004 и 2015 година се соочуваат со овој проблем, се вели во извештајот. Околу 70.000 од нив се во Германија.

„Откривме дека кај некои од тие возила, функцијата на засилувачот на сопирачките може да биде засегната од напредна корозија во зглобната област на куќиштето“, се вели во соопштението на Mercedes-Benz.

Ова може да резултира со зголемување на силата на педалата на сопирачките потребна за забавување на возилото и/или до потенцијално зголемено растојание за сопирање, се додава во соопштението.

Mercedes-Benz веднаш започнува со повлекување.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje