Vrabotuvanje.com - Јапонец во деветтата деценија сам го преплови Пацификот за 69 дена
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Јапонец во деветтата деценија сам го преплови Пацификот за 69 дена

83-годишниот Кеничи Хори, јапонски авантурист, денеска се врати дома откако сам, со непрекината пловидба го премина Пацификот, со што стана најстарата личност која го направила тоа.

Јапонец во деветтата деценија сам го преплови Пацификот за 69 дена

„Само што ја преминав целната линија. Уморен сум“, напишал Хори на својот блог откако денеска во утринските часови пристигнал во Јапонија, пренесува „Reuters“.

Хори заплови во мореузот Ки на западниот брег на Јапонија, завршувајќи го своето транспацифичко патување за 69 дена. На патувањето тргна во март оваа година, кога го напушти пристаништето за јахти во Сан Франциско.

Овој 83-годишен авантурист во 1962 година стана првата личност на светот која успешно завршилa самостојно непрекинато патување преку Пацификот, од Јапонија до Сан Франциско. 60 години подоцна, со својата 6-метарска јахта „Suntory Mermaid III“ го помина истиот пат во спротивна насока.

Хори исто така остварил низа други самостојни патувања на долги растојанија, вклучувајќи и пловидба околу светот во 1974 година, наведува „Reuters“.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje