Vrabotuvanje.com - ВЛАДАТА ЈА ЗАМРЗНА МАРЖАТА НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ДО 30 СЕПТЕМВРИ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ВЛАДАТА ЈА ЗАМРЗНА МАРЖАТА НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ДО 30 СЕПТЕМВРИ

Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо. Според одлуката почнувајќи од утре до 30 септември, маржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло ќе биде 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За јајца, брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко маржата од утре ќе биде 10 отсто.

ВЛАДАТА ЈА ЗАМРЗНА МАРЖАТА НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ДО 30 СЕПТЕМВРИ

„Дополнително на тоа како важна одлука во делот на формирање на цени е тоа што до крајот на годината нема да се пресметуваат никакви дополнителни трошоци и нема да се одобрува рабат ни надоместоци на секој трговец“, рече министерот за економија.

Ваквата одлука се донесе откако трговците ги зголемија цените на производите и најави ако се констатира нагло зголемување и кај други производи, ќе се зголеми листата на производи со замрзната маржа.

извор: sdk.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje