Vrabotuvanje.com - Овој хрватски град е вклучен во листата на најубави приморски градови во Европа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Овој хрватски град е вклучен во листата на најубави приморски градови во Европа

Реномираниот магазин за патувања Condé Nast Traveler состави листа на најубавите приморски градови во Европа. Првото место го зазеде Истра, односно градот Ровињ.

Овој хрватски град е вклучен во листата на најубави приморски градови во Европа

Рик Џордан, еден од авторите на списанието, е фасциниран од хрватското крајбрежје и бројните хрватски приморски градови. Редовно доаѓа во Хрватска од 1980-тите. Ги сака Дубровник, Вис и Хвар. Сепак, тој го избра Ровињ за најубав град на море, во цела Европа.

Ровињ го фасцинира „со својот брег, средновековните ѕидини и стариот град, боровите шуми, малите заливи, морски плодови и Малвазија“. Исто така, Џордан бил импресиониран од „секое возење велосипед до пристаништето, како и малите ресторани сместени на рабовите на карпите покрај морето“.

Зад Хрватска на листата се Италија, Португалија, Франција, Шпанија, Грција и други земји. Второто место му припадна на Plage de Saleccia, песочна плажа со тиркизно море, која се наоѓа на северот на францускиот остров Корзика.

Третото место на листата на споменатото туристичко списание го зазеде Фавињана, еден од петте острови на островите Егади.

Инаку, Истра го маѓепса и новинарот на NY Times кој со велосипед посети различни знаменитости и во голема фоторепортажа ја истражуваше истарската гастрономска понуда. Помина шест дена на пат.

Извор: 4news.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje