Vrabotuvanje.com - Козметичкиот гигант „Ревлон“ банкротира – не може да се бори против онлајн бизнисите
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Козметичкиот гигант „Ревлон“ банкротира – не може да се бори против онлајн бизнисите

Американскиот козметички гигант „Ревлон“ поднесе барање за банкрот поради, како што објави Ројтерс, долговите што ги акумулирал во обид да се натпреварува со компаниите во индустријата кои се фокусирале на онлајн бизнис.

Козметичкиот гигант „Ревлон“ банкротира – не може да се бори против онлајн бизнисите

Позната по лаковите за нокти и кармините, компанијата, која работи 90 години, во изјавата тврди дека должи 3,7 милијарди долари.

Блумберг потсетува и дека постапката од поглавјето 11 од американскиот закон за стечај, на која се повика „Ревлон“, ѝ овозможува на компанијата да продолжи со работа, а во исто време да прави план за отплата на долговите кон доверителите.

„Ревлон“ во соопштението вели дека обезбедила 575 милиони долари за да се финансира за време на стечајот.

„Ревлон“ е основан во 1932 година од браќата Чарлс и Џозеф Ревсон и Чарлс Лахман, а во последните години, според анализата на Ројтерс, го загуби своето место на пазарот поради стартапите поддржани од познати личности како „Кајли козметикс“ на Кајли Џенер и „Фенти бјути“ на Ријана.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje