Vrabotuvanje.com - Неделава ќе има одлука за блок тарифите за електрична енергија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Неделава ќе има одлука за блок тарифите за електрична енергија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) до крајот на неделава треба да ги усвои измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија со кои се воведуваат четири блок тарифи за високата дневна тарифа, односно за скапата струја.

Неделава ќе има одлука за блок тарифите за електрична енергија

Блоковите ќе важат само за скапата струја и предвидено е во првиот блок да бидат потрошувачите кои трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во вториот блок од 211 до 420, во третиот блок од 421 до 630 и во третиот блок над 630 киловат часови електрична енергија.

Најдоцна до петок, 24 јуни, треба да биде доставена понудата на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар.

Од цената која ќе ја понуди ЕСМ ќе зависи колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, а токму делот на универзалниот снабдувач најмногу влијае на цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje