Vrabotuvanje.com - Не помина амандманот за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Не помина амандманот за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари

Комисија за финансирање и буџет амандманската расправа за ребалансот на Буџетот ќе ја продолжи денес во 11 часот

Не помина амандманот за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари

Најмногу дебата предизвика амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари, кој беше одбиен од мнозинството.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари.

Комисија за финансирање и буџет амандманската расправа за ребалансот на Буџетот ќе ја продолжи денес во 11 часот.

извор: zelenaberza.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje