Vrabotuvanje.com - Некој платил 19 милиони долари за ручек со познатиот милијардер – ова е причината
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Некој платил 19 милиони долари за ручек со познатиот милијардер – ова е причината

Некој ја искористил шансата која се укажува еднаш во животот и си обезбедил ручек со легендарниот Ворен Бафет.

Некој платил 19 милиони долари за ручек со познатиот милијардер – ова е причината

По 21-ви и последен пат, бизнисменот милијардер го продал приватниот ручек во корист на хуманитарната организација во Сан Франциско за 19 милиони долари.

Според „eBay“ листата, анонимен понудувач и седум гости добиле можност да ручаат со 91-годишниот милијардер и претседател на компанијата „Berkshire Hathaway Inc.“ во ресторанот Smith & Wollensky во Њујорк.

Пред две децении, првата сопруга на Ворен Бафет, Сузи, ја започнала идејата за хуманитарен ручек со нејзиниот сопруг, а парите ги поддржала организацијата „GLIDE“ која им помага на луѓето да се изборат со сиромаштијата. Тој прв ручек во 2000-та година чинел 25.000 долари.

Smith & Wollensky во Њујорк е едно од омилените места на Бафет каде тој бил домаќин на ручекот од првата аукција од 2000-та година.

Во 2019 година основачот на компанијата „Tron“, Џастин Сан, добил хуманитарна понуда за оваа можност која се пружа еднаш во животот, за 4,5 милиони долари.

„Пријателството и великодушноста на Ворен Бафет во изминатите 22 години беа од непроценлива вредност во продлабочувањето на фондот GLIDE на системи кои се борат против сиромаштијата и нееднаквоста“, изјавила претседателката и извршен директор на организацијата.

„Неговото наследство ќе има трајно позитивно влијание на компанијата и клиентите кои ги опслужуваме“.

Според „Ројтерс“, Бафет собрал повеќе од 53,2 милиони долари за „GLIDE“ на 21 аукција.

Извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje