Vrabotuvanje.com - Крај на традицијата - во Мексико Сити се забранети борбите со бикови
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Крај на традицијата - во Мексико Сити се забранети борбите со бикови

Крај на традицијата - во Мексико Сити се забранети борбите со бикови

Познатиот стадион „Ла Плаза Мексико“ ги повика навивачите да протестираат против пресудата и да ги објават своите фотографии со испишан збор слобода. Тие најавија и дека ќе се жалат на пресудата.

„Ќе ги одложиме закажаните борби со бикови и ќе продолжиме легално да ги браниме мексиканските обичаи и традиции до степен што е дозволен со закон“, се вели во соопштението на La Plaza Mexico.

Но, судот веќе отфрли една жалба на пресудата. Во мај е донесена привремена забрана за борби со бикови врз основа на поплаките дека борењето со бикови го нарушува правото на жителите да живеат во здрава животна средина без насилство.

Борбите се закажани за јули и септември, а оваа одлука може да го означи крајот на речиси 500-годишната традиција на борби со бикови во Мексико.

Според историчарите, шпанскиот освојувач Хернан Кортес ги гледал првите борби со бикови во 1520-тите. Од 2013 година, четири сојузни држави во Мексико ги забраниле борбите со бикови, а анкетите покажуваат значителна поддршка од граѓаните за таа одлука.

извор: kanal5.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje