Vrabotuvanje.com - Зошто во лето, на високи температури, автомобилите имаат послаби перформанси?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Зошто во лето, на високи температури, автомобилите имаат послаби перформанси?

Падот на перформансите на топло време е речиси невозможно целосно да се спречи, но тоа не значи дека има проблем со вашето возило

Зошто во лето, на високи температури, автомобилите имаат послаби перформанси?

Исто како и луѓето, автомобилите тешко поднесуваат топлина или екстремни температури. Во зима, потребно е повеќе време за сите течности и делови во моторот да достигнат работна температура, што ја зголемува потрошувачката на гориво. А во лето? Нема проблеми со постигнување на работната температура, но има со ефикасноста на моторот, односно постигнување моќност.

Моторите се потпираат на правилниот сооднос воздух-гориво за да работат ефикасно. Премногу или премалку гориво е проблем, а ECU (контролната единица на моторот) ја следи количината и квалитетот на воздухот што влегува во доводот и го прилагодува горивото. Ладниот воздух е погуст од топлиот. Тоа значи дека во лето моторот вшмукува воздух со помал волумен на кислород, согорувањето во цилиндрите не е оптимално и затоа има загуби во моќноста.

Падот на перформансите на топло време е речиси невозможно целосно да се спречи, но тоа не значи дека има проблем со вашето возило. На перформансите влијае и употребата на клима уредот, но секако тешко е да се вози и управува автомобилот кога во кабината температурата е 60 степени, зарем не?.

извор: dodajgas.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje