Vrabotuvanje.com - Сте слушнале за феноменот „shrinkflation“? Еве како во Германија ги "лажат" потрошувачите
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Сте слушнале за феноменот „shrinkflation“? Еве како во Германија ги "лажат" потрошувачите

Во Германија експертите кои ги анализираат цените на пазарот, посочуваат на „скриени зголемувања на цените“, бидејќи се повеќе производи – за иста цена – содржат сè помала количина.

Сте слушнале за феноменот „shrinkflation“? Еве како во Германија ги "лажат" потрошувачите

Тоа е, инаку, феномен познат како „shrinkflation“. Тоа е стратегија што компаниите ја користат од повеќе причини, главно кога се јавува инфлација.

Во случајот со поевтините прехранбени производи, во германските дисконти се пронајдени неколку случаи на „скриено поскапување“, користејќи токму оваа тактика.

– Во последните недели добивме бројни поплаки – посочуваат од институцијата за заштита на потрошувачите во Хамбург. Како пример, меѓу другото го наведоа и јагнешкиот стек во синџирот Алди, кој се продава за 6,99 евра, но наместо досегашните 400 грама, сега на пакувањето има само 300 грама.

Една пица поскапела од 2,49 на 2,99 евра, со намалување на тежината од 460 на 410 грама.

„Посебен случај ни пријави една жена која купила во Лидл, за одредени видови тоалетна хартија. Исто толку ролни останале во пакетот, но секој лист го намалиле. Резултатот од анализата е дека околу 3 милиони помалку хартија се продава по ролна“, стои во соопштението.

Од Централната канцеларија за заштита на потрошувачите велат дека поради поскапувањето на суровините и на енергенсите, многу производители, особено поевтините производи, ја намалиле содржината за да ја одржат цената пониска.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje