Vrabotuvanje.com - Властите на популарното приморско одморалиште ги забранија бикините
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Властите на популарното приморско одморалиште ги забранија бикините

Градоначалникот на живописното приморско гратче, чии прекрасни сцени на безброј фотографии се повеќе од популарни на социјалните мрежи, воведе нов кодекс на облекување.

Властите на популарното приморско одморалиште ги забранија бикините

Новото правило во Соренто им забранува на туристите да се шетаат во бикини. Посетителитена југ озападниот брег на Италија, би можеле да бидат казнети и до 500 евра за шетање во бикини - според новите правила воведени од градоначалникот Копола.

Копола им кажа на новинарите дека оскудно облечените туристи предизвикуваат „непријатност на локалните жители“. Тој вели дека сака да се справи со „непристојното однесување“ кое повеќето луѓе сметаат дека го нарушува цивилизираниот соживот.

„Постојаното толерирање на ваквото однесување, како и предизвикување непријатност кај жителите и посетителите, може да доведе до негативна проценка за квалитетот на животот во нашиот град, со последици за неговиот имиџ и туризмот“, додаде Копола.

Локалниот новинар Макс Таманти ги нарече групите туристи облечени во бикини и без кошули „парада на ужасот“ и рече дека тие го претвораат градот во сцена од пеколот на Данте.

Соренто е популарна станица на брегот на Амалфи, омилена меѓу младите парови поради нејзините совршени згради и ресторани на врвот на карпите кои се спуштаат до морето.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje