Vrabotuvanje.com - Македонец во Австрија стана неславен рекордер во враќање километража на половни возила
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Македонец во Австрија стана неславен рекордер во враќање километража на половни возила

Сме пишувале досега за враќање на километражата на половни возилa, но сега има информација за две лица кои би можеле да бидат неславните рекордери кога станува збор за оваа незаконска активност.

Македонец во Австрија стана неславен рекордер во враќање километража на половни возила

Австриската полиција влегла во трага на пар (сопругот 64, сопругата 63 години) кои нашле профитабилен бизнис модел во намалувањето на бројот на поминати километри на половни автомобили.

На почетокот на април, полицаец запрел возило при рутинска сообраќајна контрола. Возачот, по потекло од Македонија, направил повеќе прекршоци, а налепницата од техничкиот преглед на возилото била лажна.

Полицијата истражувала малку повеќе и набрзо открила дека возачот продал осум користени автомобили со манипулирана километража.

Брачните партнери ја вратиле километражата на едно Audi за цели 200.000 километри. Двајцата најчесто тргувале со возила Audi и Škoda.

Според полицијата, најмалата забележана манипулација со километражата била 60.000 километри.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje