Vrabotuvanje.com - Одите на одмор? Google Maps може да работи совршено и без интернет, еве како..
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Одите на одмор? Google Maps може да работи совршено и без интернет, еве како..

Ако одите на патување и немате интернет или додатоци за роаминг, добрата вест е дека Google Maps може да работи совршено и без интернет.

Одите на одмор? Google Maps може да работи совршено и без интернет, еве како..

Апликацијата може да се користи во офлајн режим, потребно е само претходно да поставите неколку работи. Постапката е едноставна и не одзема многу време.

Офлајн режимот функционира така што го преземате делот од картата што ви е потребен за да стигнете до саканата локација и можете да го користите офлајн режимот додека сеуште имате интернет.

Преземените карти истекуваат по 15 дена доколку во меѓувреме не се поврзете на интернет. Преземените мапи може да заземат помеѓу 500 MB и 2 GB простор на вашиот телефон, во зависност од големината на областа што се презема. Мапите на големите урбани центри, на пример, бараат повеќе простор, бидејќи има многу згради.

Одредени опции не се достапни во офлајн режим. Не е можно да се користат велосипедски рути, пешачка навигација и детали поврзани со сообраќајниот метеж.

Но, сè друго ќе функционира, па можете да пребарувате адреси (хотели, компании, ресторани…) и лесно да стигнете до нив.

извор: porta.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje