Vrabotuvanje.com - Дали вреди трудот ако полна тракторска приколка бостан чини 1.000 денари?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дали вреди трудот ако полна тракторска приколка бостан чини 1.000 денари?

Дали вреди трудот ако полна тракторска приколка бостан чини 1.000 денари?

Слаб интерес за бостанот оваа сезона. Производителите се жалат на лош пласман и цени кои се под секоја пазарна логика. На пазарот на големо лубениците се продаваат по цена  од 1 до 2 денари за килограм. За една тракторска приколка, во зависност од големината, трговците нуделе од 1000 до 5000 денари. сума која според земјоделците е доволна само за два вреќи вештачко ѓубре.

Разочарани од ваквата состојба, производителите размислуваат од идната година  целосно  да се откажат од земјоделието.

Ниските цени и лошиот пласман не се единствените проблеми со кои се соочија производителите на бостан оваа година.  Пред околу месец половина тие претрпеа и дополнителни штети од невремето со град што го зафати овој регион во кое најмногу страдаше токму производството со бостан.

извор: zelenaberza.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje