Vrabotuvanje.com - Емоџите одбележуваат 20 години користење во секојдневната комуникација
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Емоџите одбележуваат 20 години користење во секојдневната комуникација

Светскиот ден на емотиконите се слави веќе 20 години за да се одбележи важноста на користењето емотиконите во комуникацијата во секојдневниот живот.

Емоџите одбележуваат 20 години користење во секојдневната комуникација

Од септември 2021 година, стандардот на Уникод официјално наведе над 3.600 емотикони, според Емоџипедија.

Повеќе од 21 процент од сите твитови сега содржат барем едно емоџи. Сето ова укажува на постојано зголемување на важноста на емотиконите во нашата секојдневна комуникација. Со цел да се поддржи и поттикне користењето емотикони, Светскиот ден на емотиконите се слави секоја година на 17 јули.

Неделата го одбележа јубилејот, дваесеттиот Светски ден на емоџи, а оваа традиција ја започна Џереми Бург – основачот на Емоџипедија.

Листата на најпопуларните, односно најупотребуваните емотикони е лице со солзи радосници, црвено срце, тркалање по подот смеејќи се, палци нагоре, лице кое гласно плаче.

За популарноста на емоуџите говори и тоа што во 2015 година речникот на Оксфорд го прогласи за збор на годината. 

Извор: info.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje