Vrabotuvanje.com - Ново големо намалување на цената на бензиног и дизелот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ново големо намалување на цената на бензиног и дизелот

Ново големо намалување на цената на бензиног и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто во однос на вчерашната одлука.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за два денари по литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  се намалуваат за 2,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 денари за килограм.

Од 23.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин  Еуросупер БС - 95     96,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин    Еуросупер БС - 98   99,00  (денари/литар)
  • Дизел гориво  Еуродизел БС (Д-Е V)       97,50 (денари/литар)
  • Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   96,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС     52,466 (денари/килограм)

извор: centar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje