Vrabotuvanje.com - Римац со нов бизнис: Одлучи да инвестира во ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Римац со нов бизнис: Одлучи да инвестира во ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Директорот на хрватската групација „Римац“, Мате Римац, инвестираше во првите виртуелни градини во светот – „Градините Грунтек“, а тоа е негова прва приватна инвестиција во зелени решенија надвор од автомобилската индустрија.

Римац со нов бизнис: Одлучи да инвестира во ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Ова е и прв агро-проект во кој инвестира Римац.

Се вели дека првите градини на иднината во светот им овозможуваат на своите корисници дигитално да засадуваат садници и да управуваат со својата градина преку веб апликација, а потоа да уживаат во вистински органски зеленчук, додека во меѓувреме преку мобилни телефони ги следат сите земјоделски активности. Проектите како „Грунтек“ и визионери како Римац би можеле да ја поттикнат свеста на граѓаните и да ја забрзаат технологијата за Хрватска да почне да се приближува до европските стандарди, додава „Грунтек“.

Инвестицијата, чија висина не е прецизирана, ќе биде искористена за новата фаза на развој на градините во Хрватска, како и за подготовка за излез на странскиот пазар, се вели во соопштението, како што пренесуваат медиумите.

Компанијата има големи планови за зелена и одржлива иднина. Паралелно со дополнителен развој на услугата на хрватскиот пазар, подготвуваат и план за проширување на странскиот пазар, почнувајќи од Австрија.

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje