Vrabotuvanje.com - Чешката полиција брка криминалци со „Ферари“
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Чешката полиција брка криминалци со „Ферари“

Во борбата против криминалците чешката полиција почна да користи запленети возила, меѓу кои и скапи ферариња.

Чешката полиција брка криминалци со „Ферари“

„Ние користиме Ферари против најагресивните возачи на чешките автопати, но и за запирање на украдени возила или за следење на тјунинг настаните“, изјави портпаролот на полицијата Јакуб Винчалек.

Меѓу приближно 900 запленети возила, Ферарито, кое сега доби полициски ознаки, не е најскапиот автомобил.

Инаку, истото било сопственост на криминалец, од кого е одземено.

Според полицијата, во Чешка годишно се одржуваат околу 30 нелегални трки со автомобили.

Обичните полициски патроли често не можат да ги сопрат луксузните „машини“ на тркачите и криминалците, па е донесена одлука полицијата да се опреми со брзи возила, како што е „ферари“ кое може да достигне брзина од над 300 километри на час.

Приспособувањето на „Ферарито“ на потребите на полицијата чинеше помалку отколку што би чинело да се купи нова „Шкода скала“, која вообичаено ја користи сообраќајната полиција.

„Ферарито“ десет години се наоѓаше на полицискиот паркинг, пред да биде префарбано, опремено со видео систем, радио врска и полициска сигнализација.

Полицајците кои го возат „ферарито“ се специјално обучени за ова, соопштија од полицијата.

Извор: denar.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje