Vrabotuvanje.com - Стани дел од тимот на Хотел Александар палас!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Стани дел од тимот на Хотел Александар палас!

Стани дел од тимот на Хотел Александар палас!

Хотелот Александар палас е водечки хотел во Македонија, кој е сместен на десната страна на реката Вардар, во близина на Градскиот парк, оддалечен само 3 км од центарот на градот, во непосредна близина на најзначајните административни, културни и историски објекти. Хотелот располага со 135 климатизирани соби вклучувајќи и 22 апартмани: јуниор , егзекутив и претседателски апартман.

Сите соби се комплетно опремени со: директна телефонска линија, 32” and 42” лед смарт ТВ (LED Smart TV), сателитска и кабловска ТВ, брз безжичен интернет, приклучок за интернет, мини-бар и сл. Исто така, хотелот располага со модерен конгресен и банкет-центар, составен од мултифункционални конференциски сали со капацитет од 1800 седишта и 4 помали сали со целосна техничка опрема за бизнис состаноци.


Ресторанот „а ла кард“ и аперитив-барот нудат богат избор на национални и интернационални специјалитети и широк асортиман на висококвалитените локални вина на винарницата Сковин.

Во хотелот има СПА и фитнес-центар со современа опрема за фитнес, внатрешен базен, сауни, парна бања и џакузи. За љубителите на спортот хотелот поседува 6 тениски терени со тврда подлога (plexicushion) и 2 терени за кошарка.
Хотелот има гаража со капацитет од 40 возила и голем простор за паркирање пред влезот.

Останати хотелски услуги:

  • 24 часа рецепција и портирска служба;
  • 24 часа собна услуга;
  • изнајмување возила;
  • аеродромски трансфер (групен или индивидуален);
  • паркинг (подземна гаража и надворешен паркинг);
  • пералница и хемиско чистење;
  • продавница за подароци и сувенири.

Хотелот Александар палас има потреба од нов член во својот тим. За таа цел отворена е позицијата:

ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ (ХАУСМАЈСТОР) - ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

 

Потребни квалификации:

  • Средна стручна спрема 
  • Познавање во област од електрика,водовод, компјутери,
  • Со работно искуство
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на Англиски јазик 
  • Работа во две смени 

Личен профил:

  • Комуникативна, одговорна и лојална личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Тимски работник

Нудиме:

  • Редовна месечна плата
  • Редовно пријавени на полно работно време, социјално и здравствено осигурани 
  • Работа во компанија со над 20 години искуство 
  • Пријатна работна атмосфера 
  • Летен и зимски одмор 

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje