Vrabotuvanje.com - Германските железници им исплаќаат на вработените бонус за заштеда на енергија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Германските железници им исплаќаат на вработените бонус за заштеда на енергија

Германските железници им исплаќаат на вработените бонус за заштеда на енергија

Бонус од 100 евра сака да им исплати на сите вработени Германската железница (Deutsche Bahn DB), како еден од најголемите потрошувачи на електрична енергија во таа држава, како дел од акцијата за заштеда на енергија. Потегот е со цел вработените да се мотивираат да штедат електрична енергија.

Сто евра бонус за повеќе од 200.000 вработени ќе чини околу 20 милиони евра, за кои концернот верува дека ќе може да заштеди на струја преку дополнителна мотивација на вработените.

Секоја идеја што придонесува за дополнителна заштеда на енергија администрацијата ќе ја награди со дополнителни 50 евра.

ЛЕД панелите за осветлување на административната зграда на ДБ на плоштадот Потсдам во Берлин се исклучени. Слични подготовки се прават и со останатите административни згради на компанијата.

Со околу десет терават - часови годишно, ДБ е еден од најголемите потрошувачи на електрична енергија во Германија.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje