Vrabotuvanje.com - Аеродромите од поранешна Југославија опслужија 8,6 милиони патници, скопскиот близу 900.000
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Аеродромите од поранешна Југославија опслужија 8,6 милиони патници, скопскиот близу 900.000

Со 213.347 патници опслужени овој јуни, скопскиот аеродром се приближува до бројките во предпандемиската 2019 година, кога во истиот месец низ неговите врати поминаа 215.021 патник, пишува специјализираниот портал ExYuaviation.

Аеродромите од поранешна Југославија опслужија 8,6 милиони патници, скопскиот близу 900.000

ExYuaviation забележа дека во првата половина од годинава аеродромите ширум поранешна Југославија опслужиле 8.571.957 патници, а лидер е „Никола Тесла“ во Белград со над два милиона патници, со што ја задржа позицијата на најфреквентен и рангиран меѓу најдобрите 80 на континентот. Пад на бројките се забележуваат на аеродромот во Љубљана, кој во првата половина од годинава опслужи 44,6 проценти од патниците што ги имаше во истиот период во 2019, слична е ситуацијата и со аеродромот во „Тиват“, додека најлошо помина мостарскиот аеродром со 15,4 отсто од резултатот во 2019 година. 

Фактот дека обемот низ целиот континент сè уште остана ‑28,3% под нивото пред пандемијата во првата половина од годината. Сообраќајот на патници во европската аеродромска мрежа скокна за 247 проценти во текот на првата половина од годинава, изјави генералниот директор на Меѓународниот совет за аеродроми во Европа.

извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje