Vrabotuvanje.com - Секој што сака да се искачи на Мон Блан ќе мора да плати 15.000 евра
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Секој што сака да се искачи на Мон Блан ќе мора да плати 15.000 евра

Градоначалникот на Сен Жерве воведе необичната мерка која гласи, секој што сака да се обиде да се искачи на Мон Блан мора прво да плати депозит од 15.000 евра.

Секој што сака да се искачи на Мон Блан ќе мора да плати 15.000 евра

Парите би ги покривале трошоците за евентуално спасување или, во најлош случај, несреќа.

Жан - Марк Пеле, градоначалникот на Сен Жерве, реши да ја преземе оваа мерка откако десетици планинари ги игнорираа предупредувањата.

Од споменатиот град, главната патека води до највисокиот врв во Европа.

Но, неодамна на ваков потфат се решија многу луѓе кои не се ниту вешти, ниту искусни, ниту опремени, а градоначалникот вели дека ги игнорирале предупредувањата и си играле „руски рулет со живот“.

Водичите од француската страна ги прекинаа своите активности долж трасата во средината на јули поради бројните лизгања на земјиштето, а локалните власти апелираа  до планинарите да избегнуваат искачување. Интензивниот топлотен бран само ги влоши условите.

Тој наведе пример со петмина романски туристи кои се обиделе да се искачат „во шорцеви, тренерки и со сламена капа“, а кои планинската полиција морала да ги врати назад.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje