Vrabotuvanje.com - Дали знаете зошто само флашираната вода во Исланд има етикети на англиски?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дали знаете зошто само флашираната вода во Исланд има етикети на англиски?

Дали знаете зошто само флашираната вода во Исланд има етикети на англиски?

Исланѓаните на шега велат дека со продавањето на флаширана вода сакаат на туристите да им земат повеќе пари, на и онака скапиот Исланд. И тоа навистина е донекаде така.

Имено, на Исланд водата за пиење од чешма е толку чиста што нивната вода важи и за една од најчистите на планетава. Таму апсолутно нема никаква потреба да купувате флаширана. Исланд изобилува со природна изворска вода која ја пијат сите жители на најзафрлениот европски остров, освен, се разбира, неинформираните туристи.

Во маркетите ширум Исланд може да се најде голем избор на флаширана вода, а сите шишиња имаат етикети единствено на англиски јазик. Нема потреба да пишува на исландски, не затоа што добар дел од Исланѓаните знаат англиски, туку од едноставна причина што не постои Исланѓанец кој би купил флаширана вода. Таа се продава исклучиво заради туристите. Сите останати производи се напишани на исландски јазик.

Водата, во било каква форма, покрива неверојатни 2,750 km² од површината на островот Исланд, глечерите покриваат десеттина од островот, реки течат насекаде, а над 10 илјади водопади се пронајдени таму, меѓу кои и најмоќниот европски водопад - Детифос. Згора на тоа, Исланд е опколен од Атлантскиот Океан, често е погодуван од бури, а дождот и снегот се вообичаена појава.

Купувањето флаширана вода од страна на туристите често е трн во очите на локалните жители, кои тоа го сметаат за трупање на пластичен отпад во нивната сакана држава. Особено ако се има предвид фактот што не само водата од чешма, тука на Исланд можете вода да се напиете буквално од било кој извор и река на кои ќе наидете - бидејќи сите се перфектно чисти, а водата ја добиваат од глечерите.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje