Vrabotuvanje.com - Фрлајте ѓубре со стил - „Balenciaga“ продава вреќи за отпад по вртоглава цена
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Фрлајте ѓубре со стил - „Balenciaga“ продава вреќи за отпад по вртоглава цена

Модниот бренд Balenciaga дојде до идеја да направи кеси за отпадоци во рамките на својот бренд.

Фрлајте ѓубре со стил - „Balenciaga“ продава вреќи за отпад по вртоглава цена

Изненадувањето е што во рамките на брендот  ќе се продаваат и стари чевли. Дизајнерот Демни Гвасали, кој дизајнира за познат бренд, често е обвинет дека има нешто бизарно во своите идеи.

Кесата за ѓубре за прв пат беше претставена на модната ревија во 2022 година што се одржа во Париз Le Bourget Parc d'Expositions.

Кога креативниот директор на Balenciaga ја претстави колекцијата есен/зима 2022 година, моделите одеа по снежна писта носејќи работи во пластични кеси за ѓубре.

Чантата го привлече вниманието на посетителите на шоуто, со различни коментари. Инаку, оваа брендирана кеса за ѓубре наскоро ќе се најде во продажба за 1.790 долари.

Производот го носи името „Trash Pouch“, ќе се продава во три бои, црна, сина и бела со врвки кои исто така се уникатно обоени.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje