Vrabotuvanje.com - Голем интерес за одмор во септември: Поевтини цени до 50%, еве и каде!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Голем интерес за одмор во септември: Поевтини цени до 50%, еве и каде!

Иако летната сезона е при крај, голема е побарувачката за аранжмани во септември.

Голем интерес за одмор во септември: Поевтини цени до 50%, еве и каде!

Најпопуларна дестинација за одмор во тој месец е Грција, апартманско сместување, кое е и најевтино. Во втората половина на септември за туристите се достапни пакети кои се многу поволни. Сместување во апартман и превоз може да се резервира за околу 80 или 100 евра.

Освен за Грција, голем интерес има и за Египет и Турција.

Што се однесува до цените, на пример, аранжманите за Египет се најскапи, бидејќи септември и октомври е сезона.

Египет е една од ретките дестинации каде сé уште може да уживате во долгите топли денови  во октомври и ноември. Затоа сезоната во тој период таму е најатрактивна.

Со оглед на високите цени на горивата, не треба да очекуваме дека авионските билети ќе поевтинат.

Според долгорочната  прогноза, септември годинава ќе биде потопол месец па затоа ќе може да уживаме и подолго на море.

Интересот на туристите за летување во септември е голем и покрај тоа што се зголемува бројот на заболени од Ковид-19. Засега нема некои ограничувања и мерки, па затоа уживајте во летото.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje