Vrabotuvanje.com - Вработени во Старбакс колективно го напуштиле објектот откако нивниот колега бил неправедно отпуштен
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Вработени во Старбакс колективно го напуштиле објектот откако нивниот колега бил неправедно отпуштен

Кога станува збор за, многумина омилениот напиток – кафето, американскиот гигант Старбакс важи за еден од најпопуларните брендови.

Вработени во Старбакс колективно го напуштиле објектот откако нивниот колега бил неправедно отпуштен

Но, се чини дека меѓучовечките односи во внатрешноста на компанијата значително го нарушуваат угледот.

На ТикТок профилот „Starbucks Workers United“, кој го води организацијата која им помага на работниците на Старбакс ширум САД, се појави снимка која ја открива лошата страна на овој бренд, но и покажува неверојатно единство помеѓу колегите.

Објавата која е прегледана над 26 милиони пати покажува како вработените колективно го напуштиле споменатиот објект бидејќи нивниот колега Сем Амато бил неправедно отпуштен по 13 години работа.

@sbworkersunited @Starbucks is this what you want to be known for? #starbucks #unionbusters #howardschultz #mellodyhobson #workersrights ♬ No Hands (feat. Roscoe Dash & Wale) - Waka Flocka Flame

„Кога целиот објект излегува откако раководството неправедно го отпушта вашиот колега затоа што е синдикален лидер“, стои во описот на објавата под која следеа бројни коментари.

Меѓу другото, луѓето му изразиле поддршка на Сем, но и го пофалиле овој неверојатен потег.

Вработени во Старбакс колективно го напуштиле објектот откако нивниот колега бил неправедно отпуштен (ВИДЕО)

„Мислам дека луѓето не сфаќаат колку е тешко ова да се направи – вие сте храбри и заслужувате свој синдикат“, беше еден од коментарите.

Фановите на овој бренд признаа и дека тоа „ги натерало да размислат дали и понатаму ќе им биде омилен“, додека некои од претходните вработени во Старбакс се потсетиле на нивното искуство.

Извор: kurir.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje