Vrabotuvanje.com - Потрошените киловати станаа мерило за живеење
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Потрошените киловати станаа мерило за живеење

И официјално, мора да се штеди. Како што е најавено, така е и направено.

Потрошените киловати станаа мерило за живеење

Клима уредите „се заклучија”. Временските прилики ги олеснија работите. Нема жештини, оти, во спротивно, клима уредот ќе беше програмиран на 27 степени. И, ако, некаде околу 15 октомври кога е првата ревизија на штедењето, сметките не се пониски за 15 проценти, ќе има и казни.

Ерата на официјалното штедење стигна по летните одмори. Септември, и досега жежок и тежог најдолг месец, е уште понапнат. На граѓаните им стигнаа и детални совети – што и како може да штедат. Па дури и за готвењето. Што и колку се троши.

Тоа е во ред, велат граѓаните. Секое домаќинство, во принцип, сака што помалку да потроши електрична енергија. Одамна е почната трката по огревно дрво.Ама граѓаните велат – што правиме со загадувањето на околината?

Голем број домаќинства поставија сончеви панели. Барем бојлерот да не троши струја. Други, плинот го користат и за готвење. А зготвен ручек во рерна, на шега велат, може да има само во недела. Во ред е ако свети една, наместо три светилки. Секој се раководи од длабочината на џебот. Како и да е, секојдневието се претвори во сметки и пресметки на трошењето. Не дека досега ги немаше. Ама, кризата и скапата електрична енергија, сите се согласуваат подолго време „ќе не тресе”. Потрошените киловати станаа мерило за живеење.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje