Vrabotuvanje.com - Работа од соништата: Јапонец го плаќаат за да не прави ништо
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Работа од соништата: Јапонец го плаќаат за да не прави ништо

Јапонецот Шоџи Моримото (38) од Токио вели дека има работа од соништата бидејќи не работи ништо, а заработува 71 долар на час (10.000 јени) за тоа. Тој има ангажман само да придружува клиенти и со нив не прави ништо.

Работа од соништата: Јапонец го плаќаат за да не прави ништо

Најголемиот дел од клиентите ги наоѓа преку Твитер, каде што има 250.000 следбеници. Вели дека една четвртина од клиентите се повторуваат, а еден од нив го изнајмил веќе 270 пати.

„Во суштина, се изнајмувам себеси. Мојата работа е да бидам таму каде што моите клиенти сакаат и да не правам ништо посебно“, рекол Моримото кој во изминатите четири години имал околу 4.000 ангажмани.

За локалните медиуми тој рекол дека со еден клиент си играл на клацкалка во парк, а на човек што го видел првпат во животот му мавтал од под прозорец во воз оти странецот сакал некој да го испрати кога трга на пат. Додал и дека одбил понуда да премести фрижидер и да оди во Камбоџа, а не прифаќа ни сексуални понуди.

Пред да заработува без да работи ништо, Моримото работел во издавачка компанија и вели дека често му приговарале дека ништо не работи.

„Почнав да се прашувам што ќе се случи ако мојата способност да не работам ништо ја понудам како услуга на клиенти“, рекол Моримото, кој е женет и има едно дете и ова е единствената заработка што ја има, а со која го издржува семејството.

Извор: info.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje