Vrabotuvanje.com - Google Maps воведува услуга која ќе ви ја намали потрошувачката на гориво
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Google Maps воведува услуга која ќе ви ја намали потрошувачката на гориво

Google ја проширува услугата за Maps што почнаа да ја тестираат минатата година, а станува збор за пресметување на најевтината, односно енергетски најефикасна рута.

Google Maps воведува услуга која ќе ви ја намали потрошувачката на гориво

По тестирањето на услугата минатата година во САД и Канада, Google Maps воведува „еко-рута“ во повеќе од 40 европски земји, т.е. енергетски најефикасна можна рута, а со цел изборот да биде што е можно попрецизен, постои и опција за избор на гориво што го користи.

Оваа услуга ќе ги истакне рутите кои бараат помалку енергија, а меѓу земјите во Европа кои ќе можат да ја пробаат од денеска се Франција, Ирска, Полска, Шпанија и Велика Британија. Во Германија оваа опција беше воведена минатиот месец.

При изборот на рута, ќе можете да изберете дали вашиот автомобил работи на дизел, бензин, комбинација со плин или имате електрично возило, па проценката ќе биде попрецизна.

За да ја стартувате опцијата за пресметување маршрута за енергетска ефикасност на „Google Maps“, кликнете на профилот или сликата на профилот на мапите и потоа изберете „Поставки“ (Settings). После тоа, изберете Поставки за навигација (Navigation Settings) и потоа скролнете надолу до Опции за рута. Таму можете да ја активирате или деактивирате услугата за еколошко возење.

Google тврди дека со воведувањето на оваа опција во САД и Канада, овозможил намалување на емисиите на јаглерод диоксид еднакво на околу 100.000 автомобили.

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje