Vrabotuvanje.com - „Ер Србија“ лидер во регионот – во август превезе околу 400.000 патници
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

„Ер Србија“ лидер во регионот – во август превезе околу 400.000 патници

Во текот на август, втор месец по ред, „Ер Србија“ успеа да превезе повеќе од 400.000 патници преку матичниот аеродром во Белград и аеродромите во Ниш и Краљево, а по бројот на летови домашната национална авиокомпанија е на прво место во регионот.

„Ер Србија“ лидер во регионот – во август превезе околу 400.000 патници

Бројот на патници што летале со „Ер Србија“ е зголемен за 38 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, додека е за два отсто поголем во споредба со бројот на превезени патници во август, пред пандемијата, во 2019 година.

Од компанијата наведуваат дека добри резултати се постигнати со чартер транспортот во кој се превезени речиси 90.000 патници, а покрај чартер летовите, силно раздвижување на дијаспората од Србија и регионот е забележано и во текот на август, што резултирало со зголемување на бројот на превезени патници на линиите за Западна Европа.

Српската национална авиокомпанија проценува дека бројот на нејзините патници во август, слично како и во јули, ќе сочинува повеќе од 55 отсто од вкупниот број патници кои патувале преку белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Летово националната авиокомпанија лета од дури 15 аеродроми во земјите од поранешна Југославија, што претходно беше случај само со претходникот, компанијата ЈАТ.

За „Ер Србија“, балканскиот регион, поврзувањето на балканските земји и мобилноста на нивните жители е од исклучителна важност.

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje