Vrabotuvanje.com - Истражување: Еве на кое место се наоѓаат македонците кога станува збор за коефициент на интелигенција
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Истражување: Еве на кое место се наоѓаат македонците кога станува збор за коефициент на интелигенција

Независната организација World Population Review (WPR), со седиште во САД ги следи демографските податоци преку API системот со цел да прикаже статистички показатели за бројот на жители, степенот на образование, стапката на вработеност/невработеност, коефициент на интелигенција…

Истражување: Еве на кое место се наоѓаат македонците кога станува збор за коефициент на интелигенција

Врз основа на податоците за коефициентот на интелигенција за 2022 година собрани од WPR, највисоките просечни резултати на коефициентот на интелигенција во светот имаат Јапонците (106,49), по што следат граѓаните на Тајван (106,47) и Сингапур (105,89).

Во првите десет земји со највисок просечен коефициент на интелигенција спаѓаат Кина, Јужна Кореја, Белорусија, Финска, Лихтенштајн, Холандија и Германија.

Кога станува збор за земјите од регионот, Хрватска е најдобро рангирана на 37 место и просечен коефициент на интелигенција 95.

Следува Србија на 59 место со коефициент на интелигенција 89.

Босна и Херцеговина е на 66 место со коефициент на интелигенција од 88, просечниот коефициент на интелигенција во Црна Гора е 86, додека граѓаните на Македонија имаат просечен коефициент на интелигенција 81.

Во својот извештај, WPR нагласи дека методот со кој тие добиваат податоци за коефициентот на интелигенција не е единствениот. Тие додаваат дека постојат многу различни начини за „пребарување на најпаметните земји во светот“, а многу од нив воопшто не се поврзани со тестирањето на коефициентот на интелигенција.

извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje