Vrabotuvanje.com - Кралот Чарлс Трети отпушти околу 100 вработени во неговата резиденција Кларенс хаус која ја користеше пред да стане крал
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Кралот Чарлс Трети отпушти околу 100 вработени во неговата резиденција Кларенс хаус која ја користеше пред да стане крал

Кралот Чарлс Трети отпушти околу 100 вработени во неговата резиденција Кларенс хаус која ја користеше пред да стане крал

Вработените добија писмо во кое се информирани дека нивните услуги повеќе не се потребни, а тие писма се испратени додека трае церемонијата на збогување со починатата кралица.

Сепак, на сите вработени ќе им биде помогнато во пронаоѓањето ново вработување. Станува збор за луѓе кои работеле на позиции како приватни секретарки, во оддел за финансии, тим за комуникации и куќен персонал.

Некои од нив се вработени со години па веста за отказот ја добија во текот на мисата одржана во чест на кралицата во катедралата во Единбург во понеделникот. Според неименуван извор на Гардијан, луѓето се многу вознемирени.

Во писмото испратено од Клив Алдертон, главниот советник на кралот, се порачува дека е „дојдено до промена во улогата на надредените и тоа значи и промена на резиденцијата“.

„Работите кои претходно ги вршеше оваа резиденција како поддршка на личните интереси на принцот од Велс, некогашните домашни активности и операции нема да продолжат. Резиденцијата се затвора и поради тоа позициите повеќе не се потребни“, смета тој.

Алдертон ги информирал вработените дека ќе добијат финансиска компензација повисока од законската, како и помош при ново вработување.

За Чарлс Трети работеа 101 лице со полно работно време, а третина беа приватни секретарки.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje