Vrabotuvanje.com - Регрутерите препорачуваат: 9 најдобри фонтови за твоето CV
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Регрутерите препорачуваат: 9 најдобри фонтови за твоето CV

Пред да го испратите своето CV, бидете сигурни дека користите еден од фонтовите коишто регрутерите ги препорачуваат

Регрутерите препорачуваат: 9 најдобри фонтови за твоето CV

Дали би потпишале договор напишан во најомразениот фонт на интернет Comic Sans? Секако дека не. Многумина не би се потрудиле ниту да го прочитаат.

Истото може да му се случи и на вашето CV доколку изберете фонт кој и не е така омилен помеѓу регрутерите.

Вашето CV ги претставува вашите вештини, способности, успеси и достигнувања, а на регрутерот му се потребни само 6 секудни за да донесе одлука дали вие преминувате во следен круг. Па, на кој начин може да го импресионирате регрутерот во овие шест драгоцени секунди? Одговорот е преку одбирање на правнилниот фонт.

Кога одбирате фонт за во своето CV најважно е тој да биде лесен за скимирање и читање. Постојат серифни и сансерифни фонтови, а разликата помеѓу овие две категории е тоа што буквите на серифниот фонт содржат цртички на кои што се “поставени“. Експертите препорачуваат да користите сансерифен фонт, а бидејќи најголемиот број регрутери работат во движење, совршено е доколку изберете некој фонт кој е лесен за читање преку смартфон (на пример: Arial, Tahoma или Calibri).

За тие што сакаат да изгледаат уникатно, имаме листа на 9 фонтови кои се во “пријателски однос“ со регрутерите:

Calibri

Лесен и модерен фонт, а се користи во најголемиот број програми за праќање мејлови. Исто така, станува збор за сансерифент фонт.

Times New Roman

За правни, административни и корпоративни професии. Овој серифен фонт добро се чита од сите електронски уреди и добро поминува во овие сектори.

Arial

Класичен сансерифен фонт кој е одличен избор за сите креативни професионалци кои се бават со маркетинг.

Verdana

Исто како Arial, ова е уште еден чист и модерен фонт кој е уште полесен за читање благодарените на поголемиот простор помеѓу буквите.

Cambria

Уште еден фонт омилен помеѓу регрутерите. Не е толку формален како Times New Roman ама нема да згрешите доколку го употребите.

Garamond

Многу подобар од некои од неговите сансерифни пријатели, Garamond е соодветен за уметници.

Book Antiqua

Фонт кој е одличен за професионалци кои се занимаваат со уметност или некоја од општествените науки.

Trebuchet MS

Мошне пријателски фонт којшто исто така се препорачува за креативци и маркетари.

Arial Narrow

Ако имате малку простор за да се изразите, овој сансерифен фонт изгледа модерно и покрај тоа што е стеснет.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje