Vrabotuvanje.com - Вистинска атракција: Аргентинците имаат посебен ден за фрлање на канцелариски материјал низ прозорец
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Вистинска атракција: Аргентинците имаат посебен ден за фрлање на канцелариски материјал низ прозорец

Како и обично, мислењата се поделени – дел од Аргентинците уживаат во оваа традиција и самите учествуваат во неа, но има и такви на кои оваа традиција им е одбивна и ја сметаат за неред во градот.

Вистинска атракција: Аргентинците имаат посебен ден за фрлање на канцелариски материјал низ прозорец

Ако на новогодишната ноќ се најдете на улиците на Буенос Аирес, подгответе се за следнава глетка: улици прекриени со згужвани и исечени листови хартија кои Аргентинците ги фрлаат низ прозорец.

И не, не станува збор за вандализам, загадување на животната средина, немарност, па дури ни за конфети што би било легитимно да се помисли... Всушност, кога ќе ја дознаете причината, веројатно ќе посакате да им се придружите или да го воведете овој обичај во својата земја.

Имено, работниците кои работат во разни компании во пресрет на Новата година ги фрлаат низ прозорец старите работи, а со тоа и лошата енергија – па со нив летаат разни потсетници, дописници, документи... Сè што повеќе не е потребно и што зазема простор.

Претпоставуваме дека работниците од комунална хигиена во наредните денови имаат полни раце работа.

Ваквиот потег симболизира желба во новата година да се влезе со чисто биро – односно со чист ум – и подготвени за нови предизвици. Само немојте уште денеска да започнете со фрлање на вашите фасцикли (па дури ни лаптоп) низ прозорец – почекајте до Нова година...

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje