Vrabotuvanje.com - Дали знаете што е шринкфлација?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дали знаете што е шринкфлација?

Дали знаете што е шринкфлација?

Шринкфлација (shrinkflation) е кога компаниите ги произведуваат производите помали, односно ја намалуваат нивната количина за да избегнат зголемување на цените за време на висока стапка на инфлација.

Клиентите брзо го забележуваат зголемувањето на цените, но не забележуваат подеднакво брзо дека се намалува и количината на храната во пакувањето. Така, производителите ги пренесуваат сите свои повисоки трошоци на клиентите со намалување на количината. Шринкфлацијата е забележлива на различни производи - од чипс до кафе.

Инфлацијата во Европската Унија е 8,1 отсто, додека во САД е 8,3 отсто. Растат цените на состојките што се користат за производство на храна, како и енергенсите и транспортот. Затоа производството е поскапо.

 Побарувачката на пазарот, т.е. потрошувачката вртоглаво порасна откако почнаа да се укинуваат строгите епидемиолошки мерки. Производителите не беа подготвени да одговорат на силниот раст на побарувачката. Ова резултираше со пораст на цените, тврди Светскиот економски форум (SEF).

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje