Vrabotuvanje.com - Германски трговски ланец планира ширење во регионот!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Германски трговски ланец планира ширење во регионот!

Fressnapf Group, најголемиот германски ланец на PET центри, планира силно проширување во наредните години во Југоисточна Европа, пишува Retail Serbia.

Германски трговски ланец планира ширење во регионот!

Според информациите, германскиот Fressnapf ја отвори својата прва специјализирана продавница за домашни миленици во Романија, со што влезе на сосема нов пазар.

Компанијата планира да отвори повеќе од 100 малопродажни продавници и моментално го завршува процесот на стекнување на малопродажба во Романија, па во наредниот период ќе се ребрендираат и постоечките продавници. Целиот процес на влез на романскиот пазар го презеде филијалата во Унгарија.

Во текот на оваа година, германската компанија влезе и на хрватскиот пазар преку удел во тамошниот синџир Zoo City. При влегувањето во партнерство со хрватска компанија, потврдено е натамошно проширување и зајакнување на пазарите во Хрватска, Србија, Словенија, Бугарија…, но без дополнителни детали за плановите.

На прашањето на порталот Retail Serbia дали можат да ги потврдат плановите за пазарите во Југоисточна Европа, од централата на германскиот трговец немаа одговор. Неофицијално, германската компанија планира да отвори стотици нови продавници за малопродажба во наредните години.

Freesnapf е најголемиот германски ланец специјализиран за домашни миленици. Во текот на минатата година растот на продажбата изнесува 19,8 отсто (3,17 милијарди евра), додека повеќе од половина е остварен на домашниот пазар. Онлајн продажбата забележа раст од 54 проценти.

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje