Vrabotuvanje.com - Четири дена неделно на фарма, така се учи земјоделство во Швајцарија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Четири дена неделно на фарма, така се учи земјоделство во Швајцарија

Четири дена неделно на фарма, така се учи земјоделство во Швајцарија

Престој и работа директно на фарма, понекогаш континуирано и по две недели. Одгледување животни и растителни култури, садење, кроење, орање, копање, жнеење, молзење, правење сирење или вино, управување со механизација,… Вака се учи земјоделство во Швајцарија ако по основното школо одберете тригодишно стручно образование.

Професијата е атрактивна и годишно привлекува по околу 1 000 млади луѓе.

Секоја година по 1 000 млади луѓе во нашата земја го почнуваат стручното земјоделско образование. Тоа е, помалку или повеќе, бројот што ни треба. Земјоделството е атрактивна професија кај нас, иако подразбира посветеност, многу работа и плати кои не се исти со оние на канцелариските струки. Многу млади се заинтересирани да изучуваат земјоделство зашто вистински сакаат природа, животни. И не се откажуваат иако знаат дека тоа значи станување рано, останување доцна во ноќта – едноставно се свесни дека произведуваат храна, а тоа е многу важна, значајна мисија, вели Петра Зигарт од швајцарската Асоцијација на фармери.

Затоа е неопходно да привлечеме што поголем број млади луѓе во оваа професија. Правиме се за да има доволно и тие да добијат најдобро можно образование. Работиме на тоа. Всушност деца на 15 – 16 години почнуваат со стручно образование за земјоделство кое, меѓу другото, може да се изведува и на курсеви или во тренинг центри. Тоа подразбира многу пракса, директно на фарма. 

Учениците престојуваат на различни фарми за да ги научат спецификите на производство – некои фарми се само со крави и произведуваат млеко, други се специјализирани за растително производство, некои се планински, други низински, трети висински,…

Земјоделското дуално (стручно) образование во Швајцарија посебно внимание посветува и на руралните жени. И тие можат, ако сакаат, да минат низ овој процес. Така стекнуваат диплома и „фактичка професија“. Учат како да ги манаџираат домаќинствата, но не само од финансиски аспект, туку и во однос на готвење, чистење, перење,…

Швајцарското стручното образование во земјоделството е партнерски организирано и поддржано од конфедерацијата, кантоните и професионалните организации. Конфедерацијата е одговорна за законодавството, за менаџирање и развој, кантоните тоа го имплементираат и вршат супервизија, додека професионалните организации ги креираат едукативната содржина и местата за обука (тренинг).

Факултетот за земјоделство во Швајцарија е пет години и порано имал најмалку шест месеци пракса. Денес, повеќето со факултетски дипломи работат во администрација.

извор: kanal5.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje