Vrabotuvanje.com - Дали сте доволно фит за ФБИ? Овој тест ќе ви го даде одговорот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дали сте доволно фит за ФБИ? Овој тест ќе ви го даде одговорот

Ако отсекогаш сте посакувале да станете агент на истражна служба како ФБИ, сигурно знаете дека има бројни критериуми кои треба да ги исполнувате.

Дали сте доволно фит за ФБИ? Овој тест ќе ви го даде одговорот

Еден од нив е тестот за физичка подготвеност кој покажува дали кандидатот е подготвен да одговори и на физичките задачи кои се дел од оваа професија.

Дали го имате она што е потребно за извршување на оваа работа во поглед на физичката спремност?

Апликацијата FBI FitTest ќе го даде одговорот. Според оваа апликација, ќе треба да направите 58 стомачни вежби за 1 минута, да истрчате 400 метри за 41 секунда, да направите 71 склек, да истрчате 2,4 километри за помалку од 9 минути и да направите најмалку 20 кревања на шипка. Меѓу секој сет вежби се дозволени паузи од по 5 минути.

Оние кои ќе ги задоволат овие критериуми добиваат 50 поени, а за да влезат на „списокот за увид“ треба да имаат најмалку 12 бодови.

„Овие информации се прибираат само во вашиот телефон, не ги подготвува ФБИ, не се пријава за работа, туку само занимливост за љубопитните фит луѓе“, стои во описот на апликацијата.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje