Vrabotuvanje.com - Што е Coffee Shop ефект и како работата од кафуле наместо во канцеларија влијае на продуктивноста?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што е Coffee Shop ефект и како работата од кафуле наместо во канцеларија влијае на продуктивноста?

Долго време се смета дека сте попродуктивни кога ќе „избегате“ од канцеларија или од дома и ќе појдете во омиленото кафуле. Самиот факт дека не сте опкружени со колеги кои можат да ви пречат, нема шефови ни директори, ништо освен вашиот лаптоп и кафето ви помага да работите подобро.

Што е Coffee Shop ефект и како работата од кафуле наместо во канцеларија влијае на продуктивноста?

Истражување на научник од полето на неуропсихологијата, Оно ван дер Гроен, од Универзитетот Едит Коуан покажа дека средината во кафулето е полна со елементи кои ја поттикнуваат вашата продуктивност. Тоа научниците го нарекоа стокастичка резонанца – stochastic resonance.

Тие сигнали го подобруваат вашето расположение, подобро гледате, подобро слушате и се чувствувате подобро. Сето тоа директно влијае за подобра продуктивност. Интересно е тоа дека стокастичката резонанца e покажува дека одредено ниво на позадинска бучава е подобро од работење во тишина.

Кога зборуваме, пак, за музиката во позадина, науката покажува дека таа може да ја зголеми продуктивноста кога е на одредено ниво, но мора и да биде позната музика за да не паднеме во искушение да почнеме да ја толкуваме што значи. И секако, тоа треба да биде музика без зборови, односно без стихови.

Бучавата или музиката во позадина и чувството на дисциплина придонесуваат вашата продуктивност да биде на максимум. Затоа, препуштете се на атмосферата и дадете се од себе.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje