Vrabotuvanje.com - 10 совети како да штедиш електрична енергија во домаќинството
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

10 совети како да штедиш електрична енергија во домаќинството

10 совети како да штедиш електрична енергија во домаќинството

Почетокот на есенската сезона е период во кој најчесто сме изложени на поголеми финансиски издатоци во семејството и домаќинството. Децата и младите се враќаат во училиште или на факултет, потребна е нова топла облека за студените денови кои доаѓаат, а со стартот на грејната сезона се зголемуваат и месечните сметки за струја.

Кога станува збор за потрошувачката на струја во домот постојат мали и едноставни начини со кои можеме истата да ја намалиме и со тоа да ги намалиме и трошоците. Ти претставуваме 10 совети за заштеда на електрична енергија дома:

  1. Загревај ги само просториите во кои престојуваш ти и останатите членови на семејството. Затворете ги вентилите на радијаторите во собите што не се користат.
  2. Загревањето на вода во домот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Затоа не го оставај бојлерот постојано вклучен, а водата загревај ја непосредно пред користење или преку ноќ, кога струјата е евтина. Дополнително можеш и да го намалиш притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, или пак да ја намалиш температурата на загревање.
  3. Користи светилки со економична потрошувачка кои трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати подолго. Кај дел од светилките можеш да поставиш и сензори за светло со кои истите ќе се палат при движење.
  4. Доколку отсуствуваш од дома повеќе од еден ден најдобро е да ги исклучиш од струја телевизорот и дигиталниот приемник бидејќи овие уреди трошат струја дури и кога се исклучени.
  5. Провери го термостатот на фрижидерот. Тој најефикасно работи кога температурата е поставена меѓу 3 и 5 степени, а замрзнувачот на 0 степени целзиусови.
  6. Не го поставувај фрижидерот во близина на извори на топлина. Во таквите случаи ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне потребната температура, а со тоа ќе потроши и повеќе електрична енергија.
  7. При готвење поклопувај ги садовите со капак. Така ќе ја задржиш топлината во садот при што храната побрзо ќе се зготви, а истовремено ќе биде и повкусна.
  8. Машините за перење алишта и садови користи ги само откако целосно ќе ги наполниш, и пуштај ги да работат во часовите/деновите кога струјата е евтина.
  9. Користи ги програмите за перење алишта со пониска температура. Најголемиот дел од алиштата може да се исперат и со ладна вода, а на овој начин ќе ги заштитиш и ткаенините.
  10. Постави изолациски ленти на вратите и прозорците, а доколку си во можност вложи во целосната изолација на станбена единица.

Извор: kurir.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje