Vrabotuvanje.com - На данските фудбалери им е забрането да ги носат своите девојки или сопруги на Мундијалот - еве и зошто!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

На данските фудбалери им е забрането да ги носат своите девојки или сопруги на Мундијалот - еве и зошто!

Репрезентативците на Данска ќе патуваат на Светското првенство без своите девојки или сопруги, бидејќи имаа забрана издадена од Фудбалскиот сојуз на земјата.

На данските фудбалери им е забрането да ги носат своите девојки или сопруги на Мундијалот - еве и зошто!

Во нормални околности, играчите обично ги носат своите партнерки за да им дадат поддршка, но овој пат поради локацијата на натпреварот, околностите се сменија.

Информативната служба на Данскиот фудбалски сојуз објави дека им забранила на девојките и сопругите на играчите да присуствуваат на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Тие додадоа дека „Федерацијата како и Управниот одбор одлучија да го минимизираат патувањето во Катар во врска со Светското првенство“.

„Не сакаме да придонесуваме за создавање профит во Катар. Затоа сега максимално го намаливме бројот на дозволи за патување, иако на претходните турнири сопругите и девојките на играчите патуваа со своите партнери“, велат од Данскиот фудбалски сојуз.

Светското првенство во фудбал се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември, а данците се во групата Д со Франција, Австралија и Тунис.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje