Vrabotuvanje.com - Била отпуштена затоа што побарала годишен одмор, судот и исплатил 290.000 евра отштета!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Била отпуштена затоа што побарала годишен одмор, судот и исплатил 290.000 евра отштета!

На вработена во британската управа за приходи и царина и е доделена отштета од 290.000 евра затоа што била отпуштена по кавгата со нејзиниот шеф.

Била отпуштена затоа што побарала годишен одмор, судот и исплатил 290.000 евра отштета!

Ситуацијата ескалирала кога Елејн Ворсли, која работела во оваа институција 45 години, поднела барање за новогодишно слободно време а притоа истото и било одбиено.

Нејзиното барање освен што било одбиено, таа набрзо добила отказ.

Елејн на рочиштето пред судот во Манчестер рече дека работела во управата откако го завршила училиштето во 1970 година, а таа и нејзиниот шеф биле во одлични односи до 2014 година.

Сепак, нивниот однос се влоши кога беше одбиено нејзиното барање да земе четири слободни дена за време на божиќните празници, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ, за да оди во Велс.

Судијата сепак пресудил во корист на Ворсли, со образложение дека нејзиниот шеф има „недостаток на чувства“ и не успеал да препознае можни знаци на депресија и влошено ментално здравје.

„Госпоѓа Ворсли имаше исклучително долга кариера од над 40 години. Ретко отсуствувала од работа, а сметаме дека одговорен работодавач немаше да ја отпушти во слична ситуација“, изјавил судијата.

Затоа и биле доделени 244.000 фунти како компензација за загубата на заработка, заедно со 20.000 фунти за повредени чувства и 25.000 фунти за навреда на личноста.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje