Vrabotuvanje.com - Tesla Model Y е најпродаваниот автомобил во Германија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Tesla Model Y е најпродаваниот автомобил во Германија

Tesla Model Y е најпродаваниот автомобил во Германија

Продажбата на нови автомобили во Германија во септември скокна за 14% во споредба со истиот месец минатата година. Евидентирани се вкупно 224.816 новорегистрирани возила.

И покрај тоа, во првите девет месеци Германците купиле 7,4% помалку автомобили отколку во истиот период во 2021 година. Во периодот јануари-септември годинава нови сопственици добиле 1.867.885 возила на четири тркала.

Во септември се зголеми и продажбата на електрични и plug-in хибридни возила (вкупно испорачани 72.725 единици), за 29%. Уделот на овој тип на автомобили во вкупната продажба исто така се зголеми на 32,3%.

Од нив, продадени се 44.389 електрични возила и 28.336 plug-in хибриди.

Најимпресивните податоци се дека во септември на купувачите им биле испорачани 9.846 примероци од Tesla Model Y, со што овој автомобил стана број еден продавач на нови автомобили во Германија во септември, пред „вечниот“ бестселер Volkswagen Golf (7.095 новорегистрирани примероци).

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje